Барселона ги засили своите редови со поранешниот НБА кошаркар Раул Нето, но 32-годишниот Бразилец не беше во можност да му помогне на својот тим во поразот од Реал Мадрид во последното коло од Евролигата.
Причина за тоа е новата повреда која ја заработи по само четири минути игра. Станува збор за повреда на колкот за која се уште не се знае сериозноста, но јасно е дека новото засилување ќе треба да помине период надвор од теренот.
Нето пристигна во каталонските редови како решение за повредениот Лапровитола, но се чини дека славниот шпански клуб ќе мора да бара и трето решение за бековската позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА