Ламин Јамал, најдобриот млад фудбалер за 2024 година одново ќе му биде на располагање на тренерот Ханси Флик откако ја надмина повредата на скочниот зглоб која го оддалечи од теренот од почетокот на месецот.
Шпанецот веќе тренирал со првиот тим и се очекува да биде во комбинација за настап уште од првата минута на престојната средба против Лас Палмас во Ла Лига.
„Ламин се врати. Подготвен е за игра. Ќе видиме дали ќе го користиме од почетокот на натпреварот, но тој може да игра. И ќе игра“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА