Премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Кисела Вода Орце Георгиевски и министерот за спорт Борко Ристовски, денеска го најавија почетокот на реновирање на салата Расадник во Кисела Вода.
Исто така беше најавено дека е можно Ракометниот клуб Вардар да се врати во оваа сала, да тренира и да ги игра натпреварите во култната сала, која во минатото беше дом на „црвено-црните“.
„Денеска за нас е ова би рекол посебен момент, бидејќи сепак нешто коешто со децении е оставено да пропаѓа со времето сега започнува да се реновира, реконструира, да добива еден нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови. Еве слушнавме и од градоначалникот, дека можно е ракометниот клуб „Вардар“ да се пресели овде и ова да биде, официјален дом на ракометниот клуб „Вардар“, рече премиерот Мицкоски.
„Црвено-црните“ долго време играа во оваа сала, каде што освојуваа титули. Потоа се преселија во СЦ Јане Сандански, а еве сега најава за враќање на „црвено-црните“ во оваа сила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА