Огромен проблем за Олимпијакос: Рајт во „аут“ до три месеци?

Поразот од Партизан во 12. коло од Евролигата не е единствениот проблем со кој се соочува Олимпијакос. Грчкиот тим во следните три месеци би можел да биде без услугите на американскиот кошаркар Мозес Рајт.

Дваесетипетгодишниот центар има вирусна бактерија поради која е во болница од почетокот на неделата, а се очекува да остане под медицински надзор на подолг временски период.

На натпреварот во Белград поради повреда не настапи и Саша Везенков, но бугарскиот репрезентативец се очекува да биде подготвен за игра веќе на следниот натпревар на Олимпијакос.

Се вчитува...