Пикси останува селектор на Србија

Драган Стојковиќ Пикси ќе остане селектор на српската фудбалска репрезентација, потврди генералниот секретар на Фудбалската федерација на Србија, Бранко Радујко.

Како што вели Радујко, Фудбалсата федерација на Србија ќе обезбеди максимални услови за успешно остварување на целите и не сака јавноста да има интриги околу тоа кој ќе ја извршува селекторската улога.

„Разговаравме со Драган Стојковиќ и уште еднаш потврдивме дека останува селектор на А репрезентацијата. Согласно актуелниот договор продолжуваме да соработуваме со заеднички интерес. Понудите се составен дел од селекторската работа, исто како што е природно секоја сериозна организација да има навремени и адекватни решенија во случај на промена. Не сакаме да се занимаваме со шпекулации, туку со конкретни теми“, рече Радујко.

Се вчитува...