Повредата е повеќе од сериозна: Ливерпул подолг период без Конате

Лидерот во Премиерлигата, Ливерпул се соочува со големи проблеми откако ќе остане подолг период без услугите на дефанзивецот Ибрахима Конате.

Францускиот репрезентативец одигра перфектен меч против Реал Мадрид. Сепак, во последните минути беше неколку пати фаулиран од младиот Ендрик, а токму во самата завршница настрада, па по последниот свиреж на судијата остана да лежи на теренот.

Првата лекарска помош не вроди со преголем плод, Конате едвај го напушти теренот, а откако претходно беше сигурно дека ќе го пропушти дербито со Манчестер сити, сега дојде информација дека подолг период ќе мора да биде надвор од терените.

„Толку е фрустрирачки да ја прифатам оваа повреда. Сега го започнуваме процесот на закрепнување, но едно нешто што ветувам е дека ќе се вратам и повторно ќе бидам најдобар што можам“, изјави накратко Конате.

Се вчитува...