Ракометниот клуб Алкалоид вечерва во населбата Автокоманда во Скопје го игра првиот натпревар од шеснаесетина финалето од ЕХФ европскиот куп каде за противник ја има австиска Вест Виена.
Домот на Алкалоид, спортската сала „Автокоманда“ пред почетокот на мечот блесна со боите на Македонија, откако се поставени голем број знамиња.
Македонскиот проект составен од млади домашни ракометари ќе се обиде да испише нова успешна приказна во кратката историја која ја има овој клуб кој постои само четири години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА