Тодороски го водеше Спартак до нова победа во српскиот шампионат

Македонскиот фудбалски интернационалец Андреј Тодороски продолжува со одличните партии во дресот на Спартак Суботица.

Македонецот повторно беше најдобар поединец на својот тим во победата на гостувањето кај Чукарички од 1-2.

Тодороски прво во 15. минута израмни на 1-1, а потоа беше и асистент за голот на Убипарип кој ги постави конечните 1-2.

Се вчитува...