Брајтон се израмни со Манчестер Сити на делба на втората позиција на премиерлигашката табела, но „сино-белите“ разочарани вечерва го напуштија теренот на својот стадион откако освоија само еден бод наместо планираните три на дуелот со Саутемптон.
„Фенерџијата“ допатува како голем аутсајдер на овој натпревар, а „светците“ се најдоа на работ на амбисот откако Митома го доведе Брајтон во водство во 29. минута.
Саутемптон покажа карактер и не се предаде, во вториот дел израмни преку Даунс во 59. минута, а седум минути подоцна гостите постигнаа нов гол, што по долга ВАР-анализа им беше поништен поради офсајд. Второто полувреме беше доиграно со 12 дополнителни минути, но ниту тоа не им помогна на домашните фудбалери, кои мораа да се задоволат само со еден бод на овој дуел
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА