Јувентус ќе ја „стегне“ одбраната со Португалец уште во јануари!?

Иако е без пораз во првите 13 кола во Серија „А“ со скор од шест победи и седум ремија, екипата на Јувентус има намера да ја засили одбраната уште во јануарскиот преоден рок.

Прв пик за Тиаго Мота е 21-годишниот централен дефанзивец на Бенффика, Антонио Силва. Можна е опцијата Јувентус да го позајми Силва со крајот на сезоната, а потоа целосно да го откупи.

Според информациите, Јувентус е подготвен да понуди позајмица, плус откуп на крајот на сезоната од 30 милиони евра. Неговиот договор со португалскиот тим е до јуни 2027 година.

Се вчитува...