Екипата на Челси најверојатно ќе му дозволи на украинскиот репрезентативец Михајло Мудрик да си замине од клубот. Крилниот играч е се помалку во плановите на новиот тренер Енцо Мареска, и во јануари ќе се обиде да го продаде.
Засега нема интерес од ниту еден клуб со оглед на цената која ќе ја бара Челси. Лондонските „сини“ го платија овој фудбалер неверојатни 100 милиони евра, и сега нема да се откажат од неговите услуги за цена под 60 милиони, меѓутоа со оглед на формата тешко дека ќе ја добијат.
Во опција оди и позајмица до крајот на сезоната, а потоа нови преговори за откуп. Мудрик досега одигра 53 натпревари за Челси, во кои постигна скромни пет голови, иако од него се очекуваше многу повеќе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА