Каде е проблемот кај Манчестер Сити? Еве што кажуваат бројките

Манчестер Сити преживува тешки денови, можеби најтешките откако Пеп Гвардиола дојде на клупата во февруари 2016 година. „Граѓаните“ претрпеа пет последователни порази во сите натпреварувања, а потоа прокоцкаа водство од 3-0 против Феенорд во Лигата на шампионите . На нив „виси“ нокаут фазата од елитното клупско натпреварување, а во Премиер лигата водечкиот Ливерпул е веќе на осум бода. Сити сега гостувак ја црвените во најтежок можен момент, а евентуален пораз дополнително ќе ги оддалечи од титулата.

Јасно е дека работите кај „Граѓаните“ не функционираат како порано. Дали англискиот првак има проблем со организацијата, или, пак, со реализцијата? Треба да се напомене дека кај Манчестер недостасуваат неколку клучни играчи. До крајот на сезоната отсуствува освојувачот на Златната топка Родри (28), а се повреди и неговата замена Матео Ковачиќ. Проблеми имаат и Оскар Боб и Џереми Доку , додека Кевин Де Брујн одамна „започна“ и ретко е 100% фит.

Голем дел од проблемот во играта на Манчестер Сити лежи во отсуството на Родри, кој е „срцето и душата“ на тој тим. Шпанецот е клучен во поседот на топката, балансот меѓу нападот и одбраната, но и во спречувањето на транзицијата на противникот. Со повредата на Ковачиќ, Сити остана без решение на позицијата „шестка“. Против Феенорд, последната двојка од средниот ред беа Гундоган и Матеус Нунес, но и двајцата се поофанзивни играчи.

Се шпекулира дека Гвардиола ќе го реши овој проблем со доведување на Мартин Зубименди од Реал Сосиедад. Шпанецот и Сити веќе некое време „флертуваат“, а тешката повреда на Родри може да биде катализатор за трансферот. Играчот за врска на шпанскиот прволигаш вреди 60 милиони евра, но трансферот веројатно би бил поголем од таа цифра.

Колку Сити дозволува повеќе сезонава од минатата сезона најдобро покажува податокот од 2,7 големи шанси на противниците по натпревар сезонава, наспроти 1,58 минатата сезона. „Граѓаните“ дозволуваат и повеќе шутеви по натпревар, 7,95 наспроти 7,32 шутеви минатата сезона на противниците. Сити прима повеќе голови, има помалку посед и помалку постигнува голови.

Англискиот тим премногу голови им „подарува“ на противниците. Одбраната е несигурна, дозволува премногу примени голови, и тоа ги чинеше порази и од Тотенхем, и од Борнмут, и примени три гола од Феенорд во ЛШ.

Се вчитува...