Само неколку дена откако пристигна од Спортинг Лисабон во Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим веќе почна да го крои составот за идната сезона со кој ќе располага на „Олд Трафорд“. Јасно е дека некои играчи ќе си заминат, некои други ќе дојдат, и сега почнаа шпекулациите за тоа како ќе изгледа новиот Јунајтед.
Според информациите од Англија, Аморим веќе „пречкртал“ еден играч за идната сезона. Португалецот наводно нема повеќе да смета на данскиот играч од средниот ред Кристијан Ериксен.
Според информациите, наводно Аморим оддржал долг состанок со фудбалерот, и му соопштил дека нема да добие продолжување на договорот, и дека може да си бара нова средина. Неговиот договор истекува по крајот на сезоната, и веројатно ќе има нов клуб.
За Ериксен е заинтересиран Жозе Мурињо, кој уште во јануари би сакал да го види во Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

