Барселона направи огромен чекор назад во битката за титулата, откако денеска беше поразена на домашен терен од Лас Палмас. Сега во голема мера е загрозено првото место на табелата, со оглед дека Барселона бега само четири бода, но и два меча повеќе од Реал Мадрид, кој доколку ги добие, тогаш „кралевите“ ќе бидат првопласирани.
Барселона долго се мачеше да постигне гол, а потоа Сандро Рамирез во 49. минута од средбата го донесе гостинот во шокатно водство. Сепак, радоста траеше само 12 минути па Рафиња на асистенција на Педри успеа да израмни.
И кога се чинеше дека Барселона ќе тргне по пресврт, нов „шок“ следуваше на другата страна, и Фабио Силва погодува за предност од 1-2 на Лас Палмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА