Барселона е поразена од Лас Палмас на домашен терен, и сега се е во рацете на Реал Мадрид во битката за првата позиција на табелата во Ла Лига.
Со овој пораз „Каталонците“ сега имаат предност од четири бодови, но и два меча повеќе од својот ривал во борбата за првото место.
Тренерот Ханс Флик, после мечот рече дека неговиот тим немал свој ден, и дека тимот потфрлил и во одбраната, и во нападот.
„Не одигравме најдобро, но морам да потенцирам дека тимот се трудеше до крајот да дојде до добар резултат. Но, не беше наш ден. Немавме ефикасност. Обично создаваме повеќе шанси, меѓутоа денеска не одеше најдобро. Кога го контролираме мечот, покажуваме добра игра и создаваме шанси. Кога не го правиме тоа, имаме проблеми. Ситуацијата сега се промени од порано. Порано создававме многу шанси. Не ги дадовме головите кои ни се потребни за победа. Треба исто така да се браниме подобро, а без голвои е потешко да се сочува голот. Ова не е прашање за дефанзивците, туку и за целиот тим“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

