Спектакуларно финале во Копа Либертадорес: Ботафого со 10 играчи стана шампион на Јужна Америка! (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар во финалето на Копа Либертадорес, во кое играа Атлетико Минеиро и Ботафого. Возбудувања имаше од првата до последната минута, а Ботафого стигна до трофејот со победата од 3-1, иако цел натпревар го играше со играч помалку на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес.

Да, добро прочитавте, цел меч, затоа што фудбалерот на Ботафого, Грегор уште во 1. минута доби директен црвен картон поради удар со копачка во главата на еден противнички играч. Тоа му даде огромна предност на Атлетико Минеиро која не ја искористи.

Ботафого доје до предност со голот на Луис Енрике во 35. минута од средбата. По една долга акција, топката се одби среќно до Енрике кој погоди во мрежата на противникот.

Во 44. минута уште еден шок за Атлетико Минеиро, откако беше досуден пенал по огромната грешка на одбраната, и голманот Едерсон направи пенал кој успешно го реализираше Алеш Телес за предност од 0-2.

Неверојатно почна вториот дел, веднаш на самиот старт Атлетико успеа да намали. По изведен корнер од Хулк, Варгас со глава успеа да намали. Токму Варгас можеше да биде херој, откако имаше две супер шанси да израмни и да донесе продолженија. Но, откако не успеа, Ботафого стигна и до трет гол преку Сантос, за крај на мечот и прва историска титула во Копа Либертадорес.

Се вчитува...