Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски и неговата Жирона одиграа реми во шпанскиот шампионат на гостувањето кај Вилјареа со 2-2 во меч од 15. коло од Ла лига.
Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со голот на Бари во 23. минута. На 2-0 зголеми Баена во 46. минута. До крајот гостите успеаја да стигнат до бод, откако прво преку Ван де Бек во 66. минута намалија на 2-1, додека на 2-2 израмни Крејчи во 97. минута
Македонскиот напаѓач беше стартер за својот тим и одигра 60 минути.
Villarreal [2] – 0 Girona – Álex Baena 46'
byu/asricil insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА