Mинимален учинок на Димитријевиќ во поразот на Милано од Тортона

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Милано доживеа нов пораз во домашниот шампионат откако вечерва помалку и изненадувачки загубија на домашен терен од Тортона со 94-98.

Домаќините одиграа катастрофално прво полувреме по кое имаа негатива од огромни 37-58. Во вториот дел популарните „манекени“ почнаа да се враќаат во мечот, но немаа доволно време за да стигнат до целосен пресврт.

Димитријевиќ имаше скромна партија завршувајќи го мечот со три поени, надополнети со шест асистенции и два скока.

Се вчитува...