Фудбалерите на Хајдук вечерва ќе бидат херои во Сплит откако славеа на домашен терен со минимални 1-0 против Динамо Загреб во дербито на хрватскиот фудбал како дел од 15. коло од новата сезсона во шампионатот на Хрватска.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 54. минута кога победничкиот погодок го постигна Нико Сигур. За издвојување е и црвениот картон кој го доби фудбалерот на гостите, Марко Рог во 90. минута.
Стефан Ристовски беше стартер за модрите и беше заменет во 62. минута, додека Аријан Адеми не доби шанса на овој меч. Кај Хајдук Александар Трајковски остана на клупата за резерви.
NIKO SIGUR MAKES IT 1-0 IN THE DERBY AND GIVES HAJDUK A VITAL LEAD AT POLJUD!
Fantastic turn and a finish from the Canadian, will Dinamo find a way to respond?pic.twitter.com/MoQT9OE6fs
— 🇭🇷 (@TheCroatianLad) December 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА