Фудбалерите на Хајдук вечерва ќе бидат херои во Сплит откако славеа на домашен терен со минимални 1-0 против Динамо Загреб во дербито на хрватскиот фудбал како дел од 15. коло од новата сезсона во шампионатот на Хрватска.
Поранешниот македонски репрезентативец и легенда на Динамо Загреб, Аријан Адеми кој не доби шанса на овој меч даде свое мислење по завршувањето на мечот.
„Беше доста тешко да се гледа мечот од клупата, не заслуживме да победиме. Ќе направиме се за да го свртиме ова, главата горе. Мора да излеземе како победници, нема друго. Имаме многу повреди, но да имавме ширина, сигурен сум дека во иднина ќе биде подобро и дека ќе го свртиме во наша корист. Табелата изгледа катастрофално, на навивачите им должиме тоа да го промениме“, заклучи Адеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА