Најважната споредна работа, фудбалот низ години донесе многу радосни моменти, но за жал и многу моменти на тага кои не се поврзани со крајниот резултат. Таков е и последниот случај на кој бевме сведоци на натпреварот помеѓу Фиорентина и Интер каде стадионот замолкна по падот на Едоардо Бове на теренот.
Младиот италијански фудбалер колабираше на теренот, по што мораше да дојде медицинска помош. Тој веднаш беше пренесен во болница, додека останатите играчи и целиот стадион со солзи ја проследија целата ситуација.
Немилиот настан во Фиренца буди сеќавање и на Европското првенство во 2021 година кога Кристијан Ериксен колабираше на теренот по што брзата интервенција на медицинскиот персон му го спаси животот. За среќа Данецот помина без големи компликации па дури и продолжи да се натпреварува со дефибрилатор.
Разни болести низ годините ни донесоа и други вакви случаеви како и оној од минатиот април кога колабираше Еван Н’Дика, фудбалерот на Рома. И тој на крајот успеа да се освести, како и Лионели Манфредониа на средбата помеѓу Болоња и Рома во 1989 година. Том Локјер, капитенот на Лутон кој колабираше во 2023 година настапувајќи со дефибрилатор. Фабрис Мубамба, 23-годишниот фудбалер на Болтон кој на средбата против Тотенхем загуби свест за 78 минути…
За жал истото не може да се каже и за Ренато Цури и Пиермарио Моросини, фудбалерите на Перуџа и Ливорно кои го загубија животот во 1977 и 2012 година, како и Давиде Астори кој во 2018 година беше спасен на теренот благодарение на брзата интервенција, но почина само два дена подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА