Сезоната од сништа за Ливерпул продолжи и по дербито на 13. коло од Премиерлигата на кое „црвените“ славеа со 2-0 против Манчестер Сити, дополнително зголемувајќи ја предноста на врвот на табелата, сега пред Челси и Арсенал.
Тренерот на клупата на Ливерпул, Арни Слот не го криеше задоволството од прикажаното велејќи дека неговиот тим бил блиску до перфекција.
„На крајот резултатот е секогаш најважен, но впечатокот беше фантастичен. Дали бевме совршени? Мислам дека не, но бевме прилично блиску да успееме во тоа“, изјави Слот кој се осврна и кон одличниот старт на натпреварот во кој неговите играчи имаат можност да постигнат најмалку два голови.
„Секој натпревар сакате да го започнете на најдобар можен начин, но овој пат навистина успеавме да започнеме како што сакавме. Тоа секогаш помага бидејќи ако лошо започнете навивачите ќе бидат против вас. Ако добро започнете тоа им дава енергија и на фудбалерите бидејќи гледаат дека планот функционира. Уште кога ќе стигне поддршката од прибините, тоа е уште дополнителна енергија“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА