Пораз на Денвер во историската ноќ на Јокиќ, блесок на Дончиќ

Никола Јокиќ постигна историски трипл-дабл во натпреварот помеѓу ЛА Клиперс и Денвер, но неговиот тим претрпе пораз од 127-123 на гостувањето во Инглвуд.

Србинот натпреварот го заврши со 28 поени, 14 скокови и 11 асистенции со што се изедначи со Меџик Џонсон на вечната листа на кошаркарки со постигнати трипл-дабл учиноци, достигнувајќи го бројот 138. Пред него сега се само Оскар Робертсон со 181 и Расел Вестбрук со 200 трипл-даблови во кариерата.

Одлична вечер е и зад Лука Дончиќ кој флертуваше со трипл-дабл учинок предводејќи го Далас до триумф од 131-137 на гостувањето кај Портланд со 36 поени, 7 скокови и 13 асистенции.

Во останатите натпревари:

Бруклин – Орландо 92-100
Мемфис – Индијана 136-121
Кливленд – Бостон 115-111
Њујорк – Њу Орлеанс 118-85
Торонто – Мајами 119-116
Хјустон – Оклахома 119-116
Јута – ЛА Лејкерс 104-105
Сакраменто – Сан Антонио 125-127

Се вчитува...