Хрватската фудбалска репрезентација наскоро би можела да остане без селектор доколку се остварат тврдењата на катарските медиуми кои најавија дека Златко Далиќ постигнал договор за превземање на репрезентацијата на Катар.
Далиќ се очекува веднаш да го замени сегашниот селектор Феликс Санчез Лопез и веднаш да започне со новиот ангажман со оглед на тоа што на Катар му претстојат натпревари во Гулф Купот кој ќе се одржи во Кувајт.
Договорот на Далиќ со храватската федерација е со важност до 2026 година што значеше дека треба да остане дел од репрезентацијата за престојната завршница во Лигата на Нации, квалификациите за Светското првенство во 2026 година, но и на самиот Мундијал во Северна Америка доколку Хрватска избори учество.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА