Ѓоковиќ, Синер и Алкараз во Мелбурн ќе се подготвуваат за Австралија Опен

Тројцата најатрактивни тенисери на денешницата, Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз и Јаник Синер ќе учествуваат на хуманитарен турнир во Мелбурн кој ќе се одржи од 8. до 10. јануари, непосредно пред почетокот на првиот грен-слем во сезоната, Австралија Опен.

Друштво ќе им прават и локалните асови Алекс де Минор и Алексеј Попирин, а на теренот се очекува да биде и олимписката шампионка од Париз, кинеската тенисерка Кинвен Женг.

Деталната програма и можноста Ѓоковиќ и Алкараз да одиграат меѓусебен меч во Мелбруг ќе бидат познати со утврдување на календарот од страна на организаторот.

Се вчитува...