Гвардиола: Не ме отпуштаат бидејќи им донесов шест титули

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја прокоментира интересна ситуација која ја доживеа на „Енфилд“ откако навивачите на Ливерпул му запеаја дека ќе биде отпуштен утрово бидејќи неговиот тим е во серија на порази.

Шпанецот не беше задоволен од скандирањето на домашните навивачи, а за отказот вели дека можеби го заслужува, а можеби и не бидејќи со Манчестер Сити освои шест титули.

„Не го очекував тоа од „Енфилд“. Можеби заслужувам да бидам отпуштен. Можеби, со оглед на резултатите, ја задржувам функцијата само затоа што станав шампион шестпати и освоив уште неколку трофеи. Ваквите скандирања се дел од фудбалот. На овој стадион сме имале многу незаборавни битки. Ривалството со Ливерпул и Јирген Клоп ќе остане засекогаш во моите спомени.

Дури и кога ја освојувавме титулата со мала разлика, двата тима беа извонредни, но за среќа ние бевме доволно психички подготвени за да ја постигнеме целта. Ќе биде тешко да го повториме тоа оваа сезона, но сигурен сум дека секој од нас ќе го анализира она што се случува и ќе го даде најдоброто од себе во натпреварот против Нотингем Форест.

Сакам навивачите на Ливерпул да беа подобри. Зошто не го направија тоа кога резултатот беше 1-0? Зошто не го направија минатата сезона кога ја освоивме титулата? Зошто баш сега сакаат да ме отпуштат? Навистина не го очекував тоа од ‘Енфилд’. Од други клубови, како на пример Брајтон, можеби би го разбрал. Но од ‘Енфилд’? Можеби тоа е поради почитта што ја заслужуваме. Навивачите знаат дека освоивме шест титули во Премиерлигата“ изјави Гвардиола.

Се вчитува...