Европската ракометна федерација изрече парична казна од шест илјади евра за Еурофарм Пелистер поради несоодветно и расистично однесување на битолските навивачи на натпреварот против данскиот тим Фредериција.
Казната на ЕХФ кон македонскиот клуб е во согласност со политиката за „нула толеранција“ за расизмот и несоодветното навивање и со цел запазување на промоцијата на пријателство и разбирање меѓу клубовите, без дискриминација по основа на раса, религија или политика.
Казната од шест илјади евра вклучува и условна компонента со тоа што илјада евра ќе бидат активирани само доколку во следните две години клубот повторно се најде во слична ситуација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА