Апокалиптични сцени во Гвинеја: Стотици мртви по фудбалски натпревар (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Фудбалскиот натпревар од Купот „Мамаду Думбуја“ во Гвинеја помеѓу екипите на Н’Зерекоре и Лабе донесе катастрофални немири кои завршија и трагично по животите на стотици луѓе.

Традиционалното натпреварување во чест на претседателот на Гвинеја започна со контроверзии на теренот. Лабе добил два црвени картона, од кои еден бил поништен од страна на министер во Владата, а дополнително им бил досуден пенал.

Навивачите го изразија револтот со каменување, што довело до интервенција на полицијата и ескалација на насилството. Исхододот од немирите е стотици загинати, вклучувајќи и малолетници.

Се вчитува...