Хајдук го доби дербито на Хрватска против Динамо Загреб славејќи со 1-0 во пресметката од 15. коло во најелитниот фудбалски шампионат во оваа поранешна југословенска држава.
Џенаро Гатузо, тренерот на сплитскиот тим кој беше оспоруван на стартот на сезоната не го криеше задоволството од победата нагласувајќи дека неговиот тим изгледа како семејство.
„Емотивна победа. Кога дојдов тука пред пет месеци побарав залагање на теренот и да бидеме семејство. Тоа денеска го видов и затоа сум горд. Искрено немаме квалитет како Динамо, но станавме екипа. Весел сум бидејќи повторно ги победивме. Покажавме тимска игра и дека сме семејство“, изјави Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА