Кимих: Во јануари ќе донесам одлука за мојата иднина

Договорот на еден од најдобрите фудбалери на Баерн Минхен, германскиот репрезентативец Џошуа Кимих со бундеслигашот завршува на крајот на сезоната, но тој нема да чека до лето да ја донесе одлуката за неговата иднина.

Како што вели самиот Кимих, веќе во јануари ќе ги разгледа сите опции и ќе објави што носи продолжението од неговата кариера.

„Нема да чекам до лето. Во следниот период добро ќе размислам и ќе ја видам широката слика. Во јануари дефинитивно ќе донесам одлука“, изјави Кимих.

Кимих последните десет сезони ги игра во дресот на Баерн Минхен, забележувајќи 409 натпревари во сите конкунреции, освојувајќи се што може да се освои.

За неговиот потпис се заинтересирани повеќе клубови меѓу кои и Барселона.

Се вчитува...