Германскиот фудбалски клуб Либек формиран во 1919 година се спаси од згаснување со помош на своите верни навивачи кои за 48 часа откако претседателот на клубот, Дитер Гудел ги откри финансиските потешкотии собираа еден милион евра преку донации.
Клубот од северот на Германија кој во минатото се натпреваруваше во второлигашката конкуренција, а има изборено и учество во полуфиналето од германскиот Куп во сезоната 2003/о4 со тоа се спаси од банкрот и ќе функционира нормално барем до крајот на сезоната.
Либек во моментот е четвртолигаш кој по 18 одиграни натпревари во Регионалната лига Север со 25 освоениЗа бодови се наоѓа на девееттото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА