Рубен Аморим викендов ја прослави првата премиерлигашка победа како стратег на Манчестер Јунајтед, но португалскиот стручњак нема многу време за славје бидејќи веднаш го очекува нов огромен предизвик, големо дерби на гостински терен против Арсенал.
За главоболките да бидат уште поголеми, Бруно Фернандеш се пожали на повреда по дуелот со Евертон и неговиот настап на дербито со Арсенал е сериозно доведен во прашање. Португалецот асистираше при првите два гола за „црвените ѓаволи“ на неделниот дуел, јасно е дека тој важи за најдобар играч во сегашниот ростер на Јунајтед, па неговото евентуално отсуство ќе значи и сериозно намалување на шансите за позитивен резултат на „Емирати“.
Впрочем, Аморим секако нема да може да смета на двајца стандардни првотимци, Коби Маино и Лисандро Мартинез по жолтите картони со Евертон (петти за нив сезонава) заработија суспензии од по еден натпревар и нема да можат да настапат против Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА