Потврда за квалитетот: Бојан Миовски во идеалниот тим на месец ноември во Ла Лига

Бојан Миовски прикажува се подобри игри во дресот на Џирона, а македонскиот репрезентативец доби признание за одличните настапи откако беше избран за дел од идеалниот тим во шпанската Ла Лига за месец ноември.

Миовски беше стрелец на два гола и една асистенција во триумфот над Еспањол пред десетина дена, тој го предводеше идеалниот тим за таа рунда од Ла Лига, за денеска да биде вклучен и во „дрим-тимот“ за ноември, заедно со тимските соиграчи Хил, Мартинез и Гутиерез.

Друштво на Миовски во нападот на овој „дрим-тим“ му прави Хрватот Анте Будимир од Осасуна, а во средниот ред се најдоа двете големи „ѕвезди“ на Барселона, Дани Олмо и Рафиња.

Се вчитува...