Луис Гарсија Плаза од вечерва повеќе не е тренер на Алавес откако управата на шпанскиот прволигаш реши да му врачи отказ на овој стратег по серијата слаби игри. Плаза беше на чело на Алавес на 108 натпревар, откако го внесе овој тим во Примера дивизион, а минатата сезона го освои одличното десетто место на табелата.
Алавес освои само еден бод во последните три рунди, а по ремито на домашен терен со Леганес незадоволството на управата и навивачите кулминираше, што резултираше со вечерашната објава за тренерска смена.
„Нашите патишта се разидуваат… Луис Гарсија Плаза повеќе не е тренер на Алавес, би сакале јавно да му се заблагодариме за професионализмот и посветеноста во работата во периодот како тренер на нашиот клуб“, се вели во соопштението на прволигашот од Виторија.
Шпанските медиуми најавуваат дека за нов тренер ќе биде именуван Чачо Кудер, кој своето деби на клупата на Алавес ќе го има на куп-дуелот со Депортиво Минера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА