Јакимовски до јубилеј – 200 тројки во НЦАА-лигата (видео)

Андреј Јакимовски продолжува со одличните настапи во дресот на Колорадо, каде македонскиот репрезентативец експресно се наметна како еден од лидерит ан екипата на стартот од новата НЦАА-лига.

Токму нашиот ас го предводеше Колорадо до нова победа, овојпат на дуелот со Пацифик тајгерс со 75-66, на кој ЈАкимовски беше најдобар стрелецсо 17 поени.

Она што е уште позначајно, Андреј на овој дуел стигна до јубилејната 200. тројка во НЦАА-лигата, наметнувајќи се како еден од најдобрите шутери од далечина на стартот од сезонава. Тој упати седум удари од далечина, погоди четири, а покрај 17-те поени Македонецот имаше и 4 скока и 2 асистенции за 31 минута игра.

Се вчитува...