Кошмарен крај: Хиршер ќе мора да му каже збогум на скијањето

Марсел Хиршер ја прекина скијачката пензија и се врати на овој спорт настапувајќи под знамето на Холандија, но камбекот траеше премногу кратко откако големиот ас заработи тешка повреда на тренингот во Ритералм.

Искусниот 35-годишен Австриец е осумкратен шампион во Светскиот куп, се надеваше на добри резултати по камбекот, тој го осво само 23. место на велеслаломот во Золден, но најголемиот удар го претрпе со тешката повреда, која ќе значи негово дефинитивно збогување со овој спорт.

„Отиде вкрстениот лигамент, проектот е готов. Како што за жал е случај со скијањето, повредите се дел од нашиот спорт. Прв пат ја доживувам здодевната тема вкрстени лигаменти што толку многу скијачи ја имаат доживеано во сите овие години. Можеби ова е и дефинитивен крај на моето патување…Она што останува се овие осум месеци кои беа многу интензивни, истовремено и многу забавни. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми го овозможија ова неверојатно патување и беа дел од него крај мене“, објави Хиршер.

Се вчитува...