Тринкиери: Ако некој може да воигра целосно нов тим, тоа е Обрадовиќ…

Партизан вечерва во рамките од Евролигата ќе го пречека тимот на Жалгирис, што ќе претставува камбек во Белград за Андреа Тринкиери, италијанскиот стручњак што пред неколку години со голем успех ги водеше „црно-белите“.

Темпераментниот Италијанец не крие дека се уште има огромна почит кон Партизан и навивачите на „црно-белите“, но уште повеќе кон Жељко Обрадовиќ, со кого вечерва ќе ги одмери силите на тактички план.

„Сите знаете колку е за мене посебно гостувањето во Белград. Згора на тоа, Партизан е тим во позитивен налеет, победија на последните две средби покажувајќи одлични дефанзивни и офанзивни елементи. Нивните навивачи секогаш прават наелектризирана атмосфера, а сега кога врзаа две победи… на сите ни е јасно каков предизвик е пред нас. Без оглед на моментниот изглед на табелата, Партизан дефинитивно за мене е сериозен кандидат за влез во плејофот. Ако се поклопат коцките, мислам дека можат да стигнат и до фајналфор турнирот. Имам огромна почит кон Жељко Обрадовиќ, сите го знаат тоа…. летово беше тешко за Партизан, но ако некој може да воигра целосно нов тим за рекордно време, тоа е Жељко“, изјави Тринкиери.

Се вчитува...