Најава за бомбастичен трансфер: Салах договорил селидба во ПСЖ

Се позвесно е дека Мохамед Салах ќе замине од Ливерпул на крајот од сезоната, кога му истекува договорот со „црвените“. Дека нешто чудно се случува со Египѓанецот и дека е на излезна врата, зборува и неговото однесување во последните неколку недели.

Тој најпрво изјави дека челниците на Ливерпул не се фер што не му понудиле нов договор, а потоа по мечот со Манчестер Сити, изјави дека тоа е негова последен меч против оваа екипа.

Во седум години минати на „Енфилд“, одигра 369 меча и постигна 224 голови, и 100 асистенции. Само сезонава има 13 гола и 11 асистенции.

ПСЖ би можел да ја искористи ситуацијата и да го доведе идното лето без обесштетување. Се шпекулира дека наводно Салах ги договорил сите услови со ПСЖ, и останува само промоцијата.

Се вчитува...