Најдобриот македонски судија Александар Ставрев, денеска го имаше последниот натпревар во кариерата. На мечот во Битола помеѓу Пелистер и Беса, интернационалниот арбитар за последен пат се појави како главен судија на терените.
Ставрев во последните години беше најдобриот судија од Македонија. Судеше и натпревари во Лигата на шампионите во Лигата на Европа, во квалификациите во Европа…
Со него заедно од судењето се прости и Дејан Костадинов. И него му беше последен меч како помошен судија.
По тој повод претседатлеот Митко Стојковски пред мечот им врачи подароци како гест за нивниот последен натпревар. Мечот заврши со победа на Пелистер од 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА