Романија ќе се жали до УЕФА и ќе бара санкции за Косово

Фудбалската федерација на Романија најавува дека ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража против одлуката на УЕФА по инцидентите што се случија на натпреварот со Романија – Косово, одигран на 15 ноември 2024 година во Букурешт. Натпреварот не заврши на теренот, откако гостинскиот тим одби да продолжи со игра на помалку од две минути до крајот. Судијата мораше да свирне за крајот на мечот по чекање повеќе од еден час, при што на теренот остана само романскиот тим – пишува на сајтот на Фудбалскиот сојуз на Романија.

Косовските фудбалери го напуштија теренот во петтата минута од судиското продолжение при резултат 0:0 поради извици од публиката. Дисциплинската комисија го регистрираше со службен резултат од 3-0 за Романија, затоа што играчите на Косово се одговорни за неодигрување на натпреварот.

„Федерацијата смета дека санкциите од УЕФА се неоправдани и недостасуваат кон косовската федерација. Косово го прекрши најважниот принцип во фудбалот, а тоа е натпреварот да се доигра на терен. Косовскиот тим не беше санкциониран. Наместо тоа, добивме казни кои ги сметаме за превисоки“, рече Разван Бурлеани, претседателот на романската федерација.

Федерацијата соопшти дека навивачите имале цивилизирано однесување и дека биле испровоцирани, и дека за тоа имаат докази.

Се вчитува...