Повредата на Родриго го потресе тимот на Гвардиола, кој се најде во криза со дури шест порази и едно реми во последните седум натпревари. Атмосферата во тимот е далеку од идеална, а Гвардиола од челниците на клубот побара итно засилување во средниот ред.
Прва цел на Сити е Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, чиј трансфер се проценува на околу 60 милиони евра. Друга опција е Едерсон од Аталанта чија цена е околу 50 милиони евра. Двајцата играчи наводно се подготвени за трансфер, а Гвардиола веќе остварил контакт со нив. Англиските медиуми, меѓу кои и Дејли Мејл, истакнуваат дека Сити има финансиски капацитет двата трансфери да ги реализира веднаш на почетокот на зимскиот преоден рок.
Откако го нема Родри, ситуацијата во Сити е катастрофална. Ковачиќ не игра на посакуваното ниво, а дополнителен проблем е неговата повреда, поради која ќе паузира до почетокот на идната година. Поради доаѓањето на други играчи, Хрватот може да се најде дури и на трансфер листата во јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА