Црвена Звезда во престојното двојно коло во Евролигата ја очекуваат средби против италијанските претставници Олимпија Милано и Виртус Болоња на кои српскиот евролигаш нема да може да смета на услугите на еден од своите најдобри кошаркари.
Станува збор за Немања Недовиќ кој се очекуваше да се рехабилитира од повреда за дуелите во Италија, но тој се уште ја нема санирано повредата па ќе ги пропушти средбите од 13. и 14. коло.
Првиот натпревар ќе биде одигран денеска против тимот на македонскиот репрезентативец Ненад Димитијевиќ, Олимпија, а два дена подоцна е и средбата против Болоња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА