Заниоло со бурна прослава го навлече бесот на ултрасите на Рома – „Предавник и гом*о“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аталанта славеа со 2-0 во дербито против Рома и со тоа се искачија на второто место на табелата во Серија А. Еден од стрелците на головите беше и поранешниот ас на „волчицата“, Николо Заниоло кој бурно го прослави голот па го привлече бесот на навивачите.

Заниоло помина пет години во редовите на Рома и брзо ги освои симпатиите на навивачите на клубот од главниот град на Италија кои се надеваа дека ќе тргне по стапките на Тоти и ќе биде лидер на една генерација.

Тоа не се случи, Заниоло по 128 натпревари замина во Галатасарај па сега доби погрден напис од ултрасите на Рома. „Заниоло е предавник и гомно без чест“.

Се вчитува...