Фудбалер на четвртолигаш врискаше од среќа дека ќе игра против Ливерпул, му одговори Конате

На фудбалерот на англискиот четвртолигаш Аркингтон, Стенли Џошуа Вудс му се оствари сонот. Тој со својот клуб во ФА Купот за противник ќе го има својот омилен клуб Ливерпул и натпреварот ќе биде одигран на „Енфилд“.

Вудс со своето семејство во живо го гледаше извлекувањето за куп натпреварувањето, а снимката која ја објави неговиот брат на која се гледа лудата прослава брзо стана вирална.

На објавата на која пишува „Соновите се остваруваат“ му одговори и дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахим Конате кој остави свој коментар пишувајќи „Одиме“.

Се вчитува...