Женската македонска репрезентација на Македонија со два порази (Шведска и Унгарија) и едно реми Турција го заврши настапот на Европското првенство кое што се игра во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
Свој осврт за шампионатот даде и десниот бек Јована Кипријановска која беше една од најдобрите ракометарки на првенството во Унгарија.
„Оваа европско првенство беше исполнето со многу новитети, позитивни работи, но и видовме дека има уште многу да работиме. Имаше моменти кај што париравме со екипи со голем квалитет, но техничките грешки и слабата реализација ни беа најголем непријател. Оваа првенство за мене имаше многу големо значење, имам појасна слика за она на што треба да се фокусирам и да работам уште повеќе. Горда сум на овој тим и верувам дека ќе доѓаат уште подобри првенства за нашата репрезентација“, изјави Кипријановска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА