Партизан славеше над Жалгирис, Панатинаикос го доби „трилерот“ со Барса

Koшаркарите на Партизан ја забележаа и третата победа во низа во Евролигата откако вечерва во 13. коло на домашен терен славеа против литванската гордост, Жалгирис со 84-78. Откако три четвртини се играше во егал, домаќините успеаја да ја направат клучната разлика во последниот период и да стигнат до голема победа во борбата за местата кои водат во плеј-оф. Карлик Џоунс со 19 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Лони Вокер заврши со 26 поени.

Панатинаикос во трилер меч на домашен терен славеше против Барселона со минимални 90-89. Кендрик Нан со 29 поени беше убедливо најдобриот поединец во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 19 поени на Нуњез.

Во последниот меч од денешната програма Басконија го изненади Фенербахче славејќи на домашен терен со 88-76.

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...