Фудбалерите на Милан се пласираа во четвртфиналето во Копа Италија откако вечерва на домашен терен го прегазија Сасуоло со убедливи 6-1. Домаќините целата работа ја завршија во периодот од 12. до 23. минута кога постигнаа четири гола.
Чуквуезе на двапати, Рејндерс и Леао беа стрелци на четирите гола за „росонерите“ за водство на полувреме од 4-0. Во вториот дел Калабрија во 56. минута зголеми на 5-0. Само три минути подоцна гостите намалија на 5-1 преку Мулатиери, додека конечните 6-1 беа дело на Тами Абрахам во 62. минута.
AC Milan [6] – 1 Sassuolo – T. Abraham 62'
byu/etclassico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА