Слот: Бевме лоши во првото полувреме, резултатот можеби е реален

Менаџерот на Ливерпул – Арне Слот зборуваше по спектакуларното реми 3:3 против екипата на Њукасл во средбата од 14. коло на англиската Премиер лига . Холандскиот стручњак го истакна контрастниот учинок на неговите играчи во двете полувремиња.

Мечот одеше кон тоа дека Ливерпул ќе ги освои бодовите, а потоа се случи големата грешка на голманот Келехер, после која Њукасл дојде до еден бод во последните мигови од натпреварот.

„Имам измешани чувства – бевме одлични во второто полувреме, но не доволно добри во првото. Можеби резултатот 3:3 беше реален. Противниците беа многу агресивни и не принудуваа да грешиме, но во вториот дел бевме многу подобри. Знаев дека играта може да се промени, многу подобро ја контролиравме топката. По неделата која ја имавме,  ја променивме играта и тоа е многу позитивна работа“, рече Слот.

Се вчитува...