Реал Мадрид загуби со 2:1 од Атлетик Билбао во дербито од 16. коло на Ла Лига. Со последниот неуспех, актуелниот шампион на Шпанија пропушти да му се приклучи на лидерот Барселона, од која сега има четири бода помалку и натпревар помалку.
Реал веќе го загуби петтиот натпревар оваа сезона. Сите порази дојдоа против силните противници во Лигата на шампионите (Лил, Милан, Ливерпул) и Ла Лига (Барселона, Атлетик), но Реал играше против најголемиот и најсилниот минатата сезона, па повторно импресивно ги освои шпанските и европските титули.
Во целата сезона лани доживеа само два порази, и тоа од Алетико во Ла Лига и во Купот. Потоа од јануари до крајот на сезоната не загуби ниту еден меч. На последните 11 меча доживеа повеќе порази од претходните 73 мечеви, во кои има скор од 52-17-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

