Tрикратната олимписка шампионка во коњички спортови, Шарлот Дужарден, доби тешка казна, поради што нема да може да настапува следната година.
Како што јави Би-Би-Си, Дужардин ќе мора да плати 10.000 швајцарски франци и да паузира цела година бидејќи, како што се наведува, претерано го камшикувала коњот.
Причината за истрагата на управното тело во коњичките спортови (ФЕИ) беше видеото што се појави претходниот јули, непосредно пред Олимписките игри во Париз. На него можеше да се види Дужардин како ги мава нозете на коњот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

